Цената на станбениот квадрат лани во однос на 2011 година паднала за 0,4%, соопшти Државниот завод за статистика - ДЗС. Просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во 2012 во Македонија изнесува 49.941 денар, што е само за 190 денари помалку во однос на 2011 година кога била 50.131 денар. Ова на граѓаните, потенцијални купувачи на станови, не им значи многу, не заради малиот процент, туку заради ставот дека становите кај нас се уште се прескапи. Нашите читатели коментираат дека сите треба да престанат да купуваат станови за да се почувствува посилен пад на цената, како што се случува во целиот регион, па и во некои земји на Европската унија. Во периодот од една година становите во главниот град, каде и понудата и побарувачката се најголеми, поевтиниле, додека пак во другите делови од државата поскапеле.
Цената на станбениот квадрат лани во однос на 2011 година паднала за 0,4%, соопшти Државниот завод за статистика - ДЗС.
Просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во 2012 во Македонија изнесува 49.941 денар, што е само за 190 денари помалку во однос на 2011 година кога била 50.131 денар.
Ова на граѓаните, потенцијални купувачи на станови, не им значи многу, не заради малиот процент, туку заради ставот дека становите кај нас се уште се прескапи. Нашите читатели коментираат дека сите треба да престанат да купуваат станови за да се почувствува посилен пад на цената, како што се случува во целиот регион, па и во некои земји на Европската унија.
Во периодот од една година становите во главниот град, каде и понудата и побарувачката се најголеми, поевтиниле, додека пак во другите делови од државата поскапеле. Статистичарите пресметале дека во Скопје, просечната цена на квадратот е 58.687 денари што е за 0,5% помалку во споредба со 2011 година, додека во останатите населени места таа изнесува 43.328 денари, што е за 4,9% повеќе во споредба со 2011. Падот на цените се случува во втората половина на 20112 година, кога просечното намалување во однос на првото полугодие е 5,4%, а во Скопје 5,8%.
Градежните компании кои градат во Скопје се жалат пред се на високата цена за откуп на приватно земјиште и велат дека токму тоа е причината што не можат да направат позабележлива надолна корекција на цените иако на лагер имаат илјадници станови поради намалената побарувачка. Затоа, тие не најавуваат поевтинување на становите во текот на оваа година. И статистиката регистрира пораст на цената на градежното земјиште. Во текот на 2012 година во просек квадратен метар земјиште чинел 19,326 денари во Скопје и 9.818 денари во другите градови. Во 1011 година во Скопје цената била 12.944 денари, а во другите градови 10.092 денари за квадрат. Во истиот период паднале трошоците за градење во Скопје, од 41.296 денари во 2011 на 34,826 денари во 2012 година, но регистриран е мал скок на останатите трошоци на градежниците.
Со стабилните цени на станбениот квадрат последните пет-шест години, особено главниот македонски град штрчи во регионот и во поширокото опкружување, каде во периодот на кризата цената на становите вртоглаво паѓа. Агенциите јавуваат за драматичен пад на цените на становите на Балканот. Во Бугарија просечната цена на станови во Софија изнесува 738 евра по квадрат, во Хрватска 1.657 евра што е за скоро 500 евра помалку отколку во 2006 година. Во Србија лани цената на недвижнините се намали за 10%-15%, особено во Белград, Нови Сад и Крагуевац, при што цената во главниот град се движи од 650 до 2.000 евра за квадрат. Просечната цена на квадратот за старите станови во Љубљана лани изнесувала 2.280 евра. Цените на становите во главниот град на Словенија во моментот се за 500 евра пониски од највисоките цени забележани во 2008 година.